Деликатесни топчиња од месо и компири

Деликатесни топчиња од месо и компири

Направете вкусни топчиња со месо и компири кои се деликатес на трпеза. Совршен ручек, прилог или мезе за свечена маса.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр. мелено месо 
  • 1 главица кромид 
  • 2 чешни лук 
  • 2 јајца 
  • 2 лажици брашно 
  • 2 лажици презла 
  • 4 компири 
  • 2 лажици сенф 
  • 1 лажиче прашок за пециво 
  • магдонос 
  • сол 
  • бибер

 

 

Подготовка:

  1. Компирот се вари со лушпата. 
  2. Ситно се сечат кромидот и лукот, се мешаат со меленото месо, се додаваат јајца, сол и бибер, како и презла, сенф и брашно. 
  3. Ставете и прашок за пециво и оставете го вака месото половина час во ладилник. 
  4. Сварениот компир ситно исечете го и додадете го во смесата со месо, па се измешајте со малку сечен магдонос. 
  5. Направете топчиња и пржете ги во врело масло.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири