Рижото со морски плодови

Рижото со морски плодови

Ви предлагаме да го подготвите највкусното рижото со морски плодови!

Состојки:

  • 150 гр ориз
  • 1 морков
  • 200 гр готови морски плодови
  • 1 главица кромид
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • 3 чешниња лук
  • 100 мл бело вино

Начин на подготовка:

  1. Оризот добро измијте го и ставете го да се вари во малку вода околу 4-5 минути, водата да испари.
  2. На масло пропржете ситно сечкан кромид па додајте морков. Кога сè малку ќе се издинста, додајте морски плодови, бело вино и сечкан лук и динстајте уште 15 минути. На крај додајте зачин, бибер, сол и сечкан магдонос. 
  3. Во така подготвените морски плодови додајте варен ориз и лесно измешајте, поклопете и оставете поклопено 10-15 минути за оризот да ги впие мирисите. Може да се користи како прилог или како главно јадење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text