Вкусна риба во пикантен сос од сенф

Вкусна риба во пикантен сос од сенф

Вкусна риба во пикантен сос од сенф и крем сирење – неодолив оброк кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 мали моркови
  • 1 л бујон од риба или супа (од коцка)
  • 2 листови ловор
  • сол
  • 3 зрна бибер
  • 4 парчиња свежа морска риба во филети (по 150 гр)
  • 200 гр крем сирење со зачини
  • 3 лажици густин
  • малку мед
  • сенф
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид. Морковот исечкајте го на ситни коцки. Двете состојки измешајте ги со бујон или супа, ловор, сол и зрна бибер, потоа згответе и крчкајте на слаб оган околу 10 минути.
  2. Рибините филети ставете ги во супата. Гответе ги од прилика околу 3 минути, внимателно извадете ги и оставете ги на топло место. Испасирајте го зеленчукот во водата во која се варела рибата.
  3. Згответе ја испасираната вода со крем сирење, измешајте густин, со силно матење. Додајте сенф, мед, сол и бибер по вкус. Вратете ги филетите во сосот и сервирајте топло.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л