Ситни колачиња со бело и црно чоколадо – една смеса доволна за 10 лица

Ситни колачиња со бело и црно чоколадо – една смеса доволна за 10 лица

Спремни се за 45 минути, доволно за да каснат од нив 10 лица, со што се совршени за празниците.Направете ситни колачиња.

Состојки:

  • 200 гр. чоколадо за готвење 
  • 100 гр. маргарин 
  • 200 мл. слатка павлака 
  • 150 гр. мелени лешници 
  • 150 гр. мелени бисквити 
  • 50 гр. брусница 
  • 100 гр. бело чоколадо за прелив 
  • 100 гр. маргарин за прелив

 

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото се растопува со маргаринот на пареа, па посебно се соединуваат мелените лешници со мелените бисквити, а потоа се додава слатката павлака и сечените брусници.
  2. На крај се додава и растопеното чоколадо и се меша. 
  3. Се растопува на пареа белото чоколадо со маргарин, па земаат корпи за колачи и се прават топчиња или коцки. 
  4. Се става од глазурата па се остава да се излади.

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта