Еднакво вкусен: Веге гулаш

Еднакво вкусен: Веге гулаш

Еднакво вкусен вегетаријански гулаш – еве како да го направите!

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • иситнет лук
  • 1/2 главица кромид
  • 30 гр стебло целер
  • 30 гр црвена пипер
  • 60 гр тиквици
  • 30 гр морков
  • 100 гр соини снегулки
  • прстофат мајчина душица и рузмарин
  • 2 дл пасиран домат
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажичка шеќер
  • сечкан босилек

Начин на подготовка:

  1. Потопете ги соините снегулки во вода додека не омекнат. На масло со мешање издинстајте иситнет лук околу половина минута, додајте исцедени соини снегулки и сечкан зеленчук. 
  2. Гответе десетина минути додека не омекнат. Додајте пасиран домат, мајчина душица и рузмарин и гответе додека течноста не испари до половина. Тргнете од оган измешајте сок од лимон, шеќер и босилек.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text