На Велики четврток се вапцаат јајца – првото има голема моќ

На Велики четврток се вапцаат јајца – првото има голема моќ

Велики четврток е денот од најтешката, последна седмица пред Велигден кога се бојадисуваат велигденските јајца.Тие се најголемиот симбол на големиот празник за христовото воскреснување, а на запад во последните години се почесто се користат пластични јајца со бонбони.

Бојадисаните јајца најчесто се ставаат во кошница со слама, која наликува на гнездо, а обичај е секој да добие јајце од семејството. И при капењето на децата се става црвено јајце и им се тријат челото и образите, како симбол на здравје.

Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата.

Се сметало дека дури и лушпите од велигденското јајце имаат заштитна функција.

Традиционално се фарбаат црвени јајца, а таа боја значи нов живот и плодност, и е симболот на Велигден.

Жолтата боја на велигденските јајца значи светлина, портокаловата – трпение, зелената – храброст.

Виолетова значи надеж и спокојство, а сината здравје и ведрина.

Традиционално пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува.

Велигден секогаш е во недела.

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?

 

 

 

singlepost_text