Деликатесна тава повкусна од мусака

Деликатесна тава повкусна од мусака

Направете вкусна деликатесна тава со мелено месо и многу зеленчук и компири, која се топи во уста.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо 
  • 2 главици кромид 
  • 3 моркови 
  • 2 целер 
  • 2-3 лажици доматно пире 
  • 1 лажица брашно 
  • 750 мл. вода 
  • масло 
  • сол 
  • бибер 
  • 1 лажиче вегета 
  • 1,5 кг. компир 
  • 100 гр. чедар 
  • 50 гр. маргарин 
  • 2 лажици сенф

 

 

Подготовка:

  1. Се загреваат три лажици масло, се пржи меленото месо, се додава и ситно сечениот кромид, целер и рендан морков, и се динста. 
  2. Се додава и доматно пире, се додава лажица брашно, се меша и се става врела вода. 
  3. Се става сол, бибер, вегета и се динста 20 минути. 
  4. Се вари компирот во солена вода, се правипире со маргарин, па се ставаат чедар и сенф. 
  5. Во тава за печење која се подмачкува, се става меленото месо, потоа пирето, па се запекува на 200 степени 30 минути.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тава со тиквички

Запечени тиквички

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо