Еве што да направите кога ќе го пресолите јадењето

Еве што да направите кога ќе го пресолите јадењето

Солта е основен зачин без кој јадењето нема вкус, но претерувањето може да доведе до тоа да јадењето не се јаде. За среќа, постојат трикови со чија помош е можно да го „поправите“ пресоленото јадење.

Најлесно е да ги измиете намирниците, на пример зеленчук готвен на пареа во пресолена вода или месо кое предолго стоело во солена маринада. Кога јадењето е веќе подготвено, на располагање имате други техники.

Ако супата или гулашот се пресолени, додајте малку вода или кокосово млеко. Кога тоа не е можно бидејќи јадењето ќе биде премногу течно, додајте компир исечкан на мали парчиња. За оваа цел можете да користите и ориз или малку брашно, клучот е во скробот кој ја впива солта.

Во потаж чорба додајте малку неутрална павлака или измешајте кисела павлака и јогурт. Некогаш добар избор е и малку лимонов сок чија киселина би требало да го неутрализира солениот вкус. Ако немате лимон, додајте малку благ оцет.

Во истата цел можат да послужат и шеќер или мед, но не претерувајте, бидејќи можете да постигнете контраефект. Сигурна опција е на лажичка да ставете малку шеќер и да ја држите на пареа над тенџерето, без да ја ставите во јадењето.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко