Панирани прстени од кромид за пријателите за Велигден – Бонус идеја за сос повкусен од тартар

Панирани прстени од кромид за пријателите за Велигден – Бонус идеја за сос повкусен од тартар

Направете совршено мезе за со пиво и пријатели или за гости за празниците.
Ова е рецептот зa панирани кругови од кроми плус идеја за супер сос.

Состојки:

  • 2-3 поголеми главици кромид
  • 2 дл. пиво
  • 200 гр. брашно
  • 2 белки
  • презла
  • масло за пржење
  • сол

Сос:

  • 2-3 лажици мајонез
  • 1-2 лажици јогурт
  • бибер
  • магдонос

Подготовка:

  1. Главиците кромид се лупат и се сечат на подебели кругови, па се раздвојуваат.
  2. Се маат пивото со брашно и белки, се става и сол, па се валкаат во оваа смеса круговите, па потоа во презла, а потоа се пржат на добро загреано масло.
  3. Се редат на салфета да ја впијат маснотијата.
  4. Направете си и вкусен сос со мајонез и јогурт, бибер и ситно сечен магдонос.
  5. Повкусен е од тартар.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text