За Велигден ќе се изедат многу јајца – по ова се разликуваат од сите оброци

За Велигден ќе се изедат многу јајца – по ова се разликуваат од сите оброци

Доаѓа големиот празник Велигден на кој симбол му е јајцето.Фарбањето јајца ќе биде застапено во сечиј дом, а по празникот најчесто ни остануваат многу јајца, па затоа е ваќно да се знае колку оваа намирница е здрава и колку може да стои.

Јајцата имаат голема хранлива вредност, имаат 147 калории на 100 грама.

Кога ќе се раздвојат белката и жолчката на едно јајце, составот значително се менува. Мастите остануваат во жолчката, заедно со вредните намирници, па во белката нема речиси ништо.

Така раздвоени, жолчката има 350 калории на 100 грама, бидејќи се оди кај неа, додека белката само 50 на 100 грама.

Имаат важни аминокиселини за телото, јаглехидрати, селен, рибофлавин, витамини Б12, А , Д.

Имаат и калиум, витамин Б6, магнезиум, калциум во себе.

Тоа е единствената намирница која ги задржува сите хранливи вредности и варена.

Јајцата се чуваат во ладилник во просторот наменет за нив, кој спречва влагата брзо да дојде до нив. Тие се осетливи кон салмонела, бактеријата одговорна за труење со храна, па затоа ако мислите дека јајце е расипано, не ризикувајте.

 

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Велигденски јајца со ружички

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?

singlepost_text