Пилешко со печурки – повкусно не сте пробале

Пилешко со печурки – повкусно не сте пробале

Пилешкото богато со протеини во комбинација со калорични печурки е идеална комбинација за совршен и хранлив ручек!

Состојки:

  • 2 лажички маслиново масло
  • 500 гр пилешки гради
  • 50 гр исечкана пилешка салама
  • 300 гр шампињони
  • 2 главици кромид, сечкан
  • 1 коцка за пилешка супа разматена во 250 мл вода
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 50 гр грашок
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Загрејте го маслото, пилешкото зачинете го по желба и испечете го од двете страни. По печењето ставете го на чинија. Динстајте ги саламата и шампињоните додека не омекнат, а потоа тргнете ги од оган. 
  2. Издинстајте го кромидот и додајте сос од коцка супа и оцет. Гответе 2 минути, а потоа додајте ги пилешкото и шампињоните и сè заедно гответе уште 15 минути. На крај додајте грашок и магдонос и гответе уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text