Готови за миг: Домашни панцероти

Готови за миг: Домашни панцероти

Подгответе вкусни домашни панцероти по единствен рецепт…

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша јогурт
  • малку сол
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка шеќер

Состојки за фил:

  • 200 гр шунка или суво месо
  • 100 гр сирење по избор
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Соединете брашно, јогурт, сол, прашок за печиво и шеќер. 
  2. Замесете тесто, поделете го на 6-7 делови и направете топчиња. Прекријте ги и оставете ги да отстојат 30 минути. 
  3. Изрендајте шунка и сирење и измешајте. 
  4. Секое топче развлечете го и на едната половина од кругот ставете фил. Преклопете со другата половина и притиснете со вилушка. 
  5. Пржете на врело масло додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки