Шербет торта: Оригинален десерт за највкусниот чоколаден десерт

Шербет торта: Оригинален десерт за највкусниот чоколаден десерт

Ако сте љубител на класичната комбинација од чоколадо и ореви, тогаш оваа торта е идеален десерт за вас, кој можете да го послужите во сите прилики.

Состојки:

  • 6 лажици шеќер + 350 гр шеќер
  • 100 гр сечкани ореви
  • 200 гр мелени ореви
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 шолја масло
  • брашно по потреба
  • 200 гр маргарин
  • 7 реда чоколадо

Начин на подготовка:

  1. На слаб оган карамелизирајте шест лажици шеќер, прелијте со шолја вода и гответе додека карамелот не се растопи. Тргнете од оган и во изладената смеса додајте сечкани ореви, 250 гр шеќер и масло. 
  2. Ставете брашно колку што е потребно да добиете тесто со средна густина. Додајте прашок за печиво, добро измешајте и тестото поделете го во два дела. Во намастен и со брашно посипен калап испечете две кори. Ушпинувајте 100 гр шеќер, додајте мелени ореви, маргарин и два реда растопено чоколадо. 
  3. Добро измешајте, премачкајте ја тортата и преклопете со друга кора. Остатокот од чоколадото растопете го со неколку лажици вода и малку маргарин. Готовата кора прелијте ја со растопено чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта