Брзо, едноставно и лесно. Ова е рецепт за мафни со спанаќ.Шират неодолива арома, ова е рецептот:
Состојки:
- 250 гр. кори за пита
- 250 гр. сирење
- 3 јајца
- ½ лажички сол
- 100 мл. кисела вода
- 50 мл. масло
- ½ прашок за пециво
- 50 гр. свеж спанаќ
- малку сусам
Начин на подготовка:
- Ги матиме јајцата пенасто со сол, го додаваме сирењето, па киселата вода, маслото и прашокот за пециво.
- Го миеме спанаќот, ситно го цепкаме, па го додаваме.
- Ги сечеме корите за пита на траки, ги додаваме во филот, па мешаме.
- Се става смесата во подмачкани калапи.
- Се става сусам и се печат на веќе загреана рерна на 180 степени 25 минути.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: