Брза чоколадна торта – не ви треба ни миксер

Брза чоколадна торта – не ви треба ни миксер

Направете брза и вкусна чоколадна торта од неколку состојки, без миксер.

Состојки:

  • 250 гр. чоколадо 
  • 200 гр. маргарин 
  • 3 јајца 
  • 200 гр. шеќер 
  • 1 лажица екстракт од ванила 
  • 80 гр. брашно 
  • 1 лажиче прашок за пециво 
  • малку сол 
  • 80 гр. какао

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се топи чоколадото на оган со маргарин и се меша. 
  2. Се ставаат јајцата и ванила, па се меша со жица. 
  3. Се додава и шеќерот. 
  4. Во посебна чинија се матат сите суви состојки, брашно, какао, сол и прашок за пециво и се ставаат во претходната смеса, па се става на калап и се пече половина час на 180 степени. 
  5. Се става уште малку какао одозгора, а може да ставите и шлаг.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Оригинален рецепт за раванија

Брз чоколаден колач во шолја за двајца

Колач за Велигден без печење

Колач чудо кој ќе го обожавате

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта