Поховано, вкусно и фино јадење за цело семејство. Со риба се прави деликатес.
Состојки:
- 3 филети ослич
- 500 гр. компир
- 2-3 лажици маслиново масло
- 1 лук
- магдонос
- сол
- бибер
- брашно
- 1 јајце
- презла
Начин на подготовка:
- Се чисти компирот, се мие и лупи и се сече на коцки, се става во вода со сол и се вари.
- Се пржат и филетите на врело масло.
- Кога компирот е готов додајте маслиново масло, 1 иситнет лук, магдонос, па направете пире.
- Додајте ја и рибата ситно исецкана, ставете зачини и измешајте.
- Направете плескавички, ставете ги во брашно, па едно изматено јајце, па лебни трошки и пржете ги на врело масло.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна