Највкусното топло предјадење: Пикантни печурки со бело вино

Највкусното топло предјадење: Пикантни печурки со бело вино

Направете го ова топло предјадење од шампињони и нема да згрешите. Пикантниот вкус никого нема да остави рамнодушен!

Состојки:

  • 500 гр шампињони
  • 3 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 дл бело вино
  • маслиново масло
  • путер
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Печурките добро измијте ги, исчистете ги и исечете ги на дебели парчиња. Во тава загрејте маслиново масло со малку путер. Исечкајте го кромидот на парчиња и динстајте го омекне и да добие златна боја и фин слаткаст вкус. 
  2. Потоа, додајте ги печурките и динстајте додека не омекнат, а потоа додајте вино. Кога виното ќе испари, ставете сол и бибер по желба, ситно сечкан лук и малку вода. Динстајте додека водата не зоврие и додека печурките не се соединат со кромидот. 
  3. На крај, додајте ситно сечкан магдонос и послужете ги како прилог со месо или тестенини. Можете едноставно да ги измешате со ориз и ќе добиете вкусно кремасто рижото.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула