Палачинки на арапски начин – Полни со меурчиња, не сте јаделе нешто вакво

Палачинки на арапски начин – Полни со меурчиња, не сте јаделе нешто вакво

Направете палачинки со многу меурчиња познати како Арапски палачинки.
Ова е рецептот:

Состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 250 гр. гриз
  • 1 јајце
  • 1 прашок за пециво
  • 1 сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажички шеќер
  • топла вода

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се разматува со малку млака вода, па се матат брашното со гриз, сол и шеќер, како и прашок за пециво и јајце, па се додаваат на квасецот со топла вода.
  2. Се прави тесто како за палачинки и се остава да стои еден час.
  3. Пред печење се меша.
  4. Се загрева тава која само се премачкува со масло и се става по една кутлача од смесата.
  5. Ќе се создадат балончиња и меурчиња, па превртете ја и испечете ја и од другата страна.
  6. Намачкајте по вкус.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Палачинки на дански начин

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече