Вкусот на традицијата: Бањалучка пита со месо

Вкусот на традицијата: Бањалучка пита со месо

Брзо и едноставно, направете ја светски познатата пита со единствен вкус…

Состојки за тесто:

  • 1,5 кг брашно
  • 2-3 лажички брашно
  • 2-3 лажички сол
  • вода по потреба

Состојки за фил:

  • 700-800 гр мелено месо
  • 300 гр праз
  • 300 гр кромид
  • сол по вкус
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Замесете помеко тесто од брашно и сол. Одвојте кори, намастете ги и оставете ги да одморат. 
  2. Ситно исечкајте го белиот дел од празот и кромидот, пропржете на масло, па додајте месо. Пржете додека месото не добие убава боја, посолете и побиберете. 
  3. Развлечете кора преку маса, да биде што потенка, посипете со фил од месо и свиткајте. Истото направете го со сите кори. 
  4. Наредете ги корите во круг, намастете и печете во добро загреана рерна додека не порумени. 
  5. Послужете со сезонска салата, сирење и јогурт.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта