Брзи и вкусни коцки со кокос кои се совршени за постот.Ќе ги правите често.
Состојки:
- 30 лажици брашно
- 20 лажици шеќер
- 25 лажици масло
- 35 лажици вода
- 1 ипол прашок за пециво
- 200 гр. кокос
- 50 г. какао
- 50 гр. посно чоколадо за готвење
- 1 дл. вода
- 200 гр. посен маргарин
- 150 гр. шеќер
Подготовка:
- Се меша во сад брашното со прашок за пециво и се додаваат 20 лажици шеќер, па се додаваат 25 лажици масло и 35 лажици вода.
- Се мати тесто со миксер и се става во подмачкан плех.
- Се пече на 180 степени 20 минути.
- Какаото со 150 грама шеќер се разматуваат во водата и се загреваат. Кога ќе зоврие се става и чоколадото и маргаринот, и се меша да се изедначи.
- Кога ќе се излади смесата од плехот, се става чоколадото, се сече на коцки, и се става кокосот горе.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди