Поховано пилешко со јогурт во чипс

Поховано пилешко со јогурт во чипс

Пилешко на начин кој морате да го испробате…

Состојки:

  • 1 кг пилешко филе
  • 2 чаши густ јогурт
  • 2-3 јајца
  • 200 гр чипс (можете да користите чипс со пиперка за подобар, пикантен вкус)
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во чинија разматете јогурт, јајца, сол и бибер. 
  2. Измиеното и исушено бело месо сечете го на тенки долги парчиња и ставајте ги во претходно подготвената маринада. 
  3. Иситнете го чипсот во блендер. Потоа секое парче пилешко натопено во маринада, извалкајте го во иситнетиот чипс. 
  4. Вака подготвеното пилешко пржете го на тава во голема количина масло или запечете го во рерна. 
  5. Како сос, можете да измешате мајонез и кечап, или да направите друг сос кој го сакате.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text