Морнарски штангли – Чоколадо, бадеми и кафе

Морнарски штангли – Чоколадо, бадеми и кафе

Направете необичен и вкусен десерт. Морнарски штангли се супер рецепт.

Состојки за кора:

  • 5 белки 
  • 1 лажиче сол 
  • 200 гр. шеќер 
  • 200 гр. мелени бадеми и ореви

Фил:

  • 5 жолчки 
  • 200 гр. шеќер во прав 
  • 100 гр. путер 
  • 2 реда чоколадо 
  • 1 лажиче инстант кафе

 

Подготовка:

  1. Белките се матат со миксер и неколку пати постепено се става шеќерот и сол. 
  2. Се додаваат и измелените ореви и бадеми, па се става на плех. 
  3. Се пече 20 минути на 180 степени.
  4. Се прави филот. Се ставаат шеќерот во прав и жолчките на оган, се додава путерот и се меша додека не се добие крем. 
  5. Се додава и чоколадото со мешање, со кафето, па се трга и се става малку во ладилник. 
  6. Се става филот на кората и се остава да се стегне. 
  7. Може да украсите по желба. 
  8. Се сечат штангли пред служење.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта