Направете вкусен ручек кој веднаш ќе го снема од трпезата.Ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешни лук
- 3 парчиња леб
- 5 јајца
- магдонос
- вегета
- бибер
- сол
- 3 лажици брашно
Начин на подготовка:
- Се чисти и ситно се сече кромидот со лукот, а парчињата леб се натопуваат во млака вода и добро се цедат.
- Се става во сад кромидот со лук, меленото месо, ситно сечен магдонос, едно јајце и лебот. Се става брашното и зачините.
- Се меша добро смесата, а останатите јајца се варат.
- Се става во тепсија хартија за печење, половина од смесата, па сечените варени јајца, па другиот дел од смесата.
- Се формира векна и се пече на 200 степени додека не порумени, околу 40 минути.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна