Појадок или ручек за носење на работа: Солени стапчиња со сирење

Појадок или ручек за носење на работа: Солени стапчиња со сирење

Направете вкусни стапчиња за појадок, ручек на работа или мезе.Ова е рецептот и постапката:

Состојки:

  • 1 кг. брашно 
  • 1 квасец 
  • 1 лажиче сол 
  • 2 дл. плеко 
  • 1 дл. масло

 

Фил:

  • 500 гр. сирење 
  • 125 гр. маргарин 
  • 1 лажиче сол 
  • 1 кисела павлака за премачкување 
  • 2 јајца за премачкување

 

Начин на подготовка:

  1. Од состојките за тесто, брашното, квасец, масло , млеко и сол се замесува тесто и се остава да нарасне. 
  2. Се развлекува, па се премачкува со половина од филот кој ќе го измешате во еден сад, односно сирењето, со маргарин и сол. 
  3. Се преклопува тестото и се става другата половина од филот со издробено сирење, растопен маргарин, и сол. 
  4. Пак се преклопува тестото и се сечат стапчиња. 
  5. Се ставаат на подмачкана тепсија, па се оставаат да нараснат, се премачкуваат со смеса од јајца и кисела павлака и се печат на 180 степени 40 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Солени коцки 1:1:1

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

 

 

singlepost_text