Одлична баклава: Најубавата слатка пита со ореви, чоколадо и бисквити

Одлична баклава: Најубавата слатка пита со ореви, чоколадо и бисквити

Сите добро знаеме дека баклавата е само една, и тоа со ореви. Но, можете малку да експериментирате и да ја направите оваа баклава со чоколадо и бисквити. Ќе бидете воодушевени од вкусот.

Состојки:

  • 300 гр мелени ореви
  • 150 гр мелени бисквити
  • 150 гр чоколадо
  • 6 лажици гриз
  • 150 мл масло
  • 5 лажици шеќер
  • 150 мл вода
  • 12 кори за баклава

Состојки за сируп:

  • 700 мл вода
  • 600 гр шеќер

Останати состојки:

  • масло и вода за премачкување (заедно 100 мл)

Начин на подготовка:

  1. Прво направете го сирупот бидејќи мора да биде ладен. Ставете шеќер и вода и гответе 15 минути, да се добие фин густ сируп. Оставете да се излади па подгответе ја баклавата за печење. 
  2. Измешајте ги сите состојки за баклава, замесете со вода и масло. Треба да добиете не многу цврста маса, но фино соединета. 
  3. Ставете ја првата кора па премачкајте ја со измешани вода и масло, па префрлете друга кора која малку ќе ја намачкате и по рабовите, ставете 1/6 од смесата која сте ја разматиле. 
  4. Соберете ги рабовите, па свиткајте. Така направете со сите 6 по две кори. Наредете во намастен плех и ставете да се пече на 220 степени во претходно загреана рерна додека баклавата не добие златно жолта до светло браун боја. 
  5. Извадете ја баклавата па прелијте ја со ладен сируп и оставете целосно да се излади.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text