Направете салата во слоеви која е лесна, брза, вкусна и навистина долго ќе ве држи сити.Ова е рецептот:
Состојки:
- 160 гр. туна
- 4 лажици мајонез
- 4 лажици јогурт
- 200 гр. домати
- 1 пиперка
- 200 гр. пченка
- 350 гр. тестенини
Начин на подготовка:
- Се варат тестенините во солена вода, па се цедат.
- Се вари и пченката, се сече доматот.
- Се мешаат заедно во сад мајонезот и јогуртот.
- Салатата се реди на слоеви, тестенини, па пченка и пиперка, па тестенини, па домат, па туна и сосот.
- Декорирајте по желба.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата