Немате време за колач: Подгответе ги најубавите кекси за 15 минути

Немате време за колач: Подгответе ги најубавите кекси за 15 минути

Немате доволно време за подготовка на колач, со овие едноставни кекси ќе го скратите времето. Се подготвуваат за 15 минути, а вкусот воодушевува!

Состојки:

  • 100 гр путер или маргарин
  • 5 лажици кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 1/2 прашок за печиво
  • 200 гр брашно
  • 2-3 капки арома ванила
  • 100 гр чоколадо, грубо исечкано
  • 100 гр сува брусница

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја печката на 180 степени. 
  2. Разматете путер со шеќер и ванила, додајте јајце и матете уште пет минути. 
  3. Брашното измешајте го со прашок за печиво и добро разматете па додајте брусница и чоколадо, грубо исечкано. 
  4. На плех ставете хартија за печење и од смесата правете кекси, но раздалечете ги бидејќи за време на печењето ќе нараснат. Печете 15 минути.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text