Ќе добиете вкусен и пенаст шлаг, совршен за секоја торта или колач…
Шлаг од кесичка
Кога подготвувате шлаг од кесичка најдобро е да се придржувате на веќе напишаното упатство на амбалажата, но постојат финеси кои ќе ви ги откриеме.
За да добиете фина, кремаста текстура и цврст шлаг на 100 гр шлаг во прав ќе ви треба точно 200 мл вода или млеко.
Пожелно е водата или млекото да бидат што поладни, пред подготовка добро е да ги ставите во фрижидер.
Во шлагот прво ставете течност во размер 1:1, а по матењето додајте го остатокот од течноста додека не добиете хомогена, компактна маса.
За да го засладите, користете шеќер во прав.
Шлаг од белки
На количината белки точно додајте исто толку лажици шеќер (рамни). Шеќерот додавајте го постепено, бидејќи се работи за кристал шеќер кој мора да биде во целост растопен во белките.
Пред да почнете со матење, белките пробушете ги со вилушка како би го олесниле матењето.
Шлаг од слатка павлака
Она што е најважно е слатката павлака да биде добро изладена.
Ова е наједноставниот начин на добивање шлаг бидејќи потребно е само да ја разматите во цврста маса. Не е потребно да користите шеќер.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи