Солени коцки „1:1:1″: Појадок, вечера или мезе од три состојки

Солени коцки „1:1:1″: Појадок, вечера или мезе од три состојки

Направете вкусно солено пециво за брзо време.Ова е рецептот за супер појадок или вечера, како и мезе за цел ден.

Состојки:

  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. брашно
  • 250 гр. сирење
  • сол
  • 1 јајце за премачкување

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се става во вангла брашното со сирењето и маргаринот, па се додава сол и е убаво се меша и меси, се става кесе горе и се остава во ладилник.
  2. Најубаво е да го оставите тестото навечер, за убаво да се стегне.
  3. Се развлекува кора, се сечат коцки и се редат на плех со хартија.
  4. Се премачкуваат со јајце.
  5. Горе по желба ставете си семки, сусам, ким…
  6. Се печат на 200 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

 

singlepost_text