Многумина обожаваат кокос и го додаваат во речиси секој колач кој го подготвуваат, бидејќи дава префинет вкус…
Состојки:
- 150 мл вода
- 120 гр путер
- 150 гр шеќер во прав
- 100 гр кокосово брашно
- 200 гр млеко во прав
- 1 кесичка бадеми или лешници
- кокосово брашно
Начин на подготовка:
- Ставете вода, путер и шеќер во прав да зоврие. Гответе 2-3 минути. Во поголем сад ставете млеко во прав и кокосово брашно, па прелијте со врелата смеса.
- Нека не ве загрижува тоа што смесата е ретка, ќе згусне. Добро измешајте и ставете во фрижидер да стои од прилика еден час.
- Обликувајте топчиња, па во секое втиснете лешник или бадем и извалкајте ги во кокосово брашно. Оставете ги во фрижидер да отстојат пред послужување.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега