Направете велигденски јајца со тегли и креп хартија. Ова е креативна и оригинална идеја.Потребни ви се тегли од по килограм, ракавици, креп хартија во разни бои, оцет и малку време и желба за работа.
Веќе варените и врели јајца се замотуваат во креп хартија со различна боја, се натапкува хартијата со малку оцет, па јајцето се става во тегла.
Се ставаат во една тегла јајца колку што собираат.
Се поклопува теглата и се остава половина час.
Боите една на друга прават шари.
Препорачливо е на дното да има жолта боја, па зелена, па црвена за убави шари.
По 30 минути се вадат јајцата и хартиите.
Се бришат јајцата со масло како и обично.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?
ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?