Руски пирошки: Меко тесто свежо и до неколку часа (Видео)

Руски пирошки: Меко тесто свежо и до неколку часа (Видео)

Вкусни, меки пирошки, лесни се за подготовка и за време на пржењето не впиваат многу масло.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 3-4 варени компири
  • 3 жолчки
  • 80 гр растопен маргарин
  • малку сол
  • 150 мл топло млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 40 гр квасец
  • 200 гр сирење за филување
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Брашното, жолчките, растопениот маргарин и солта ставете ги во сад, и додајте им квасец растопен во млеко и шеќер. Врелиот компир издробете го и додајте го во смесата.
  2. Со раце замесете тесто и оставете го убаво да нарасне помеѓу 30-45 минути. Развлечете го тестото на побрашнета работна површина, на дебелина од околу 0,5 см. 
  3. Развлеченото тесто сечете го на правоаголници со големина која ја посакувате. Секогаш е подобро да бидат помали, бидејќи поубаво ќе се испечат. Филувајте ги пирошките со сирење, кашкавал или шунка. 
  4. Свиткајте го тестото и притиснете ги рабовите да се залепат за ништо да не испадне за време на пржењето. Ставете го садот со масло да се загрее. 
  5. Спуштајте ги пирошките во врело масло и печете од двете страни додека не поруменат.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на Милица Михаиловиќ:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт