За следниот ручек еве одличен рецепт – пилешко полнето со печурки…
Состојки:
- 100 гр шампињони
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица масло
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка сув зачин
- 500 гр пилешко месо
- 8 парчиња сланина Пекабеско
Начин на подготовка:
- На малку масло издинстајте го кромидот, додајте исечкани шампињони, лук, оригано и динстајте. Пилешкото филе исечете го на шницли и малку зачинете го.
- На две парчиња сланина ставете пилешко филе, полнете го со смеса од печурки и свиткајте. Прицврстете со чепкалки да не се одмотува. Редете во намастена тепсија и печете на 180 степени околу 25 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт