Направете вкусна пица со пилешко, како италијанските мајстори!
Состојки:
- пилешки гради, без кожа и коски
- 2 лажици путер или маргарин + малку за премачкување
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 2 лажици ситно сечкан млад кромид
- 1/2 лажичка сув босилек
- подлога за пица или домашно тесто
- 2 домати сечкани парчиња
- 20 гр сечкан магдонос
- 50 гр рикота сирење
- 25 гр рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Пилешките гради ставете ги во тенџере и прекријтесо вода. Оставете да зоврие, па гответе околу 20 минути. Исцедете ги и малку изладете ги, па исечкајте ги. Во посебен сад растопете путер или маргарин со лук, млад кромид и босилек. Кога ќе се растопи, префрлете во изладениот сад и ставете во фрижидер.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете подлога во плех, а потоа премачкајте со растопен маргарин или путер. Преку тоа распоредете парчиња пилешко, а потоа посипете рикота сирење. Завршете со парчиња домати, магдонос и пармезан. Печете околу 15-20 минути во загреана рерна, односно додека рабовите на кората не добијат убава, браун боја.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука