Вака подготвените свински ребра ќе ви станат омилени. Имаат фантастичен вкус, а се прават многу лесно!
Состојки:
- 2 кг свински ребра
- 1/2 шолја мед
- 3 лажици соја сос
- 1/4 шолја алкохолен оцет
- 2 чешниња лук, изгмечен
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ги ребрата на парчиња по желба.
- Во сад измешајте мед, соја сос, оцет, лук и шеќер. Добро измешајте додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте сода бикарбона. Во смесата ќе почнат да се појавуваат меурчиња.
- Парчињата ребра ставете ги во садот со смесата и измешајте.
- На плех за печење ставете алуминиумска фолија, па на неа наредете парчиња месо, но така да страната на која е месото да биде горе. Прелијте со останатиот сос.
- Печете околу еден час во загреана рерна, вртејќи го месото на секои 20 минути.
Добар апетит!