Богата пита од готови кори

Богата пита од готови кори

Се прави од готови кори, поради што се нарекува и „лажна“ пита. Подгответе ја и ќе бидете воодушевени од богатиот вкус…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 500 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја минерална вода
  • 1/2 шолја масло
  • 3 лажици пченкарен гриз

Начин на подготовка:

  1. Разматете јогурт, кисела вода, јајца, сол, масло и гриз во една длабока чинија.
  2. Одвојте 3 кори за пита. Богато премачкајте ја првата кора со овој фил, па на неа изгужвајте две кори и преку прелијте со малку фил, а потоа додајте и ситно сирење, па сè свиткајте во ролат. Ставете во тепсија па продолжете да правите мали ролати од кори и сирење.
  3. На крај секоја кора премачкајте ја со остатокот од течниот фил, а по желба можете да додадете и сусам.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text