Направете брз и лесен појадок или ручек кој навистина ќе ве освои од прва. Лепеза пита со јогурт е полн погодок.
Состојки:
- 500 гр. готови кори
- 4 јајца
- 500 мл. јогурт
- 100 мл. масло
- 100 мл. вода
- 1 прашок за пециво
- малку сол
Начин на подготовка:
- Прв чекор е да подмачкате плех и на дното да ставите две раширени кори, а потоа земете ги другите кори и редете ги во плехот како лепеза, свиткани една до друга.
- Изматете три јајца со масло и вода, јогурт и прашок за пециво и малку сол.
- Оваа смеса со лажица ставете ја на корите.
- Се пече на 200 степени 30 минути.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
За питата секогаш да е крцкава
Топли и ароматични триаголници со кашкавал