Витаминска посна пица: Сочна, здрава и полна со зеленчук

Витаминска посна пица: Сочна, здрава и полна со зеленчук

Ова е здрав рецепт за сочна пица со многу зеленчук, која истовремено е и здрава, но и многу вкусна.

Состојки:

  • 200 мл млака вода
  • малку масло
  • 1 коцка квасец
  • сол
  • брашно

Состојки за фил:

  • 1 праз
  • 1 домат
  • 1 пиперка
  • 200 гр шампињони
  • оригано
  • кечап
  • малку посен кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од вода, сол, квасец и малку масло и брашно. Оставете тестото малку да нарасне. 
  2. На масло пропржете праз сечкан на кругови, додајте сечкана пиперка и шампињони исечкани на листови. Можете да додадете и лута феферона и сечкан лук. 
  3. Развлечете го тестото што потенко, тепсијата намастете ја, па префрлете го тестото во тепсијата. Прво ставете кечап, а од горе распоредете пржени шампињони. 
  4. Исечете кругови домати и додајте малку кашкавал и оригано. Печете на 200 степени 15-20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text