Најубавата баклава, многу практична за послужување…
Состојки:
- 500 гр тенки кори
Состојки за фил:
- 300 гр мелени ореви
- 4 полни лажици пченичен гриз
- 100 мл масло
- 100 мл вода
- 2 кесички ванилин шеќер
- 4 лажици шеќер
Состојки за премачкување:
- 150 гр маргарин (ако постите земете посен)
- 50 мл масло
Состојки за сируп:
- 500 мл вода
- 350 гр шеќер
- 1 лимон
Начин на подготовка:
- Состојките за фил измешајте ги. Растопете маргарин па додајте масло. Раширете една кора, премачкајте со две лажичи премаз, ставете друга кора, премачкајте со една лажица премаз. На крај ставете фил, добро притиснете, па замотајте цврст ролат. Ролатите наредете ги во голема намастена тепсија и сечете на мали ролни.
- Од горе сè добро премачкајте и ставете да се пече на 200 степени околу 30 минути. Печените баклави оставете ги да се изладат па прелијте ги со врел сируп.
- Згответе ги шеќерот, водата и парчињата лимон околу 15 минути до точка на вриење. Прелиените баклави оставете ги најмалку 4 часа да отстојат. Уживајте во оригиналниот рецепт.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта