Посни полнети пиперки – нема печење, пржење и мачење

Посни полнети пиперки – нема печење, пржење и мачење

Направете вкусен посен специјалитет за постот кој трае уште малку време.

Супер полнети пиперки со ореви.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 4 пиперки
  • 1 шолја сончогледови семки
  • 1 шолја моркови
  • ½ шолја тиквички
  • 1 шолја ореви
  • 40 гр. домат
  • 100 гр. кромид
  • 1-2 лажички лимонов сок
  • 1 лук
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • 100 гр. црвени пиперки

 

Начин на подготовка:

  1. Се оставаат семките од сончоглед, како и оревите во вода околу два часа.
  2. Пиперките се сечат на половина,па кратко се обаруваат во солена вода, колку да подомекнат.
  3. Се мешаат во еден сад семките кои сте ги исцедиле од вода, морковите и тиквичките кои треба да се ситно сечени, исцедените ореви, доматите, кромидот, лукот, магдоносот, сечената црвена пиперка, лимоновиот сок.
  4. Додадете сол и бибер и зачини по избор, измешајте се во блендер и соединете.
  5. Со таа смеса полнете ги пиперките.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони