Рецепт за почетници: Чизкејк кој им успева на сите

Рецепт за почетници: Чизкејк кој им успева на сите

Уживајте во неодоливиот вкус на овој кремаст десерт…

Состојки за кора:

  • 150 гр мелени бисквити
  • 2 лажици мед
  • 5 лажици млеко
  • 180 гр растопен путер

Состојки за бел слој:

  • 500 мл слатка павлака
  • 450 гр безмасно крем сирење
  • 220 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 желатин

Состојки за овошен слој:

  • 450 гр шумски овошен микс
  • 4 лажици шеќер
  • 100 мл вода
  • 1 желатин

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад разматете 500 мл слатка павлака, а во друг посебно разматете безмасно крем сирење, 220 гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин (желатинот прво треба да се остави со 50 мл вода да набабри па потоа да се загрее за да се растопи – не смее да зоврие). Овој слој ставете го преку претходниот слој од бисквити. 
  2. Згответе 450 гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути. Кога малку ќе се излади и згусне прелијте преку белиот слој. 
  3. Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, најдобро преку ноќ.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта