Овие грицки од јаболка ќе ги обожавате, а покрај тоа се и здрави!
Состојки:
- 4 јаболка
- 1 лимон
- 1 лажичка сув ѓумбир
- 1 лажичка сушена мента
- 1 лажичка сув босилек
- 1/2 лажичка рендано мускатно оревче
- 1 лажичка лута пипер
Начин на подготовка:
- Во чинија измешајте ги сите зачини, изрендана кора и сок од лимон. Во оваа мешавина извалкајте ги тенко сечканите парчиња јаболко.
- Јаболката наредете ги во тепсија обложена со хартија и сушете ги во рерна со вентилатор на 80-100 степени.
- Сувите јаболка чувајте ги во добро затворена кутија за да не примат влага. Водете сметка да бидат целосно суви за да не фатат мувла во затворената кутија.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта