Риба-деликатес: Ослич со ореви и пармезан

Риба-деликатес: Ослич со ореви и пармезан

Направете ја највкусната риба која некогаш сте ја пробале.Ослич со ореви, многу е вкусен.

Состојки:

  • 800 гр. ослич филети 
  • 100 гр. мелени ореви 
  • 50 гр. пармезан 
  • 150 мл. масло 
  • 100 мл. бело вино 
  • брашно 
  • сол 
  • вегета 
  • бибер

 

 

Начин на подготовка:

  1. Филетите се мијат, цедат и посолуваат, а кој сака може да стави и други зачини по вкус. 
  2. Се меша малку брашно, неколку лажици со пармезан, со мелените ореви и во тоа се валка секое парче риба. 
  3. Се пржи на загреано масло, додека не стане крцкава од двете страни. 
  4. Се ставаат во салфета да ја впијат маснотијата, па се прелеваат со виното.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Совршен рецепт за риба деликатес

Риба во сос од сенф

ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба

Малку време за деликатес: Риба полнета со компир

Поздрава е од што се мислеше – зошто да јадете риба често?

Вкусен риба деликатес од рерна

singlepost_text