Куглоф со чоколадо и кокос: Мек како памук, рецепт со кој нема мака

Куглоф со чоколадо и кокос: Мек како памук, рецепт со кој нема мака

Мек како памук, брз за правење и навистина едноставен. Совршена кокос арома.Ова е рецептот за кокос куглоф.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1,5 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1,5 шолји кокос

 

Глазура:

  • 150 гр. чоколадо
  • 1 дл. млеко
  • кокос

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки за бисквитот се мешаат заедно.Се матат прво јајцата со миксер, се додава шеќерот, ванилин шеќер, прашок за пециво, млеко, масло, па брашно.
  2. Се става и кокос, се подмачкува калап за куглоф и се става смесата.
  3. Се пече 50 минути на 200 степени.
  4. Нека се олади потоа, а вие спремете глазура.
  5. Растопете го чоколадото со млекото, ставете го врз куглоф колачот и ставете кокос.
  6. Пријатно!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

singlepost_text