Пикантна чорба од домати: Таен рецепт на искусните кафански готвачи

Пикантна чорба од домати: Таен рецепт на искусните кафански готвачи

Доматната чорба е старо, но многу вкусно јадење, за кое не ви требаат многу пари.

Ви ја откриваме тајната подготовка на оваа чорба. Рецепт на искусните кафански готвачи!

Состојки:

  • 500 гр пасирани домати
  • 4.5 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 лажичка лута пипер
  • босилек
  • бибер
  • оригано
  • 1/2 чаша бело вино

Начин на подготовка:

  1. Измиксајте ги доматите до глатка смеса. 
  2. Загрејте масло во поголем сад, додајте ситно сечкан кромид, иситнет лук и лута пипер. 
  3. Динстајте околу 5 минути додека кромидот не омекне. Измешајте ги доматите, додајте босилек, вино и оригано. 
  4. Кога супата ќе зоврие, гответе на слаб оган уште 5-6 минути за аромите да се поврзат. 
  5. Зачинете со сол и бибер и додајте уште лута пипер по желба. Пред сервирање посипете со босилек.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text