Направете неверојатен, а посен специјалитет со тиквички. Болоњезе тиквички кои мамат на трпеза.Ова е се што ви е потребно и рецептот:
Состојки:
- 2 тиквички
- ½ шолји сушен домат
- 1 свеж домат
- 1 лук ситно сечен
- сол
- бибер
- 1 лажица маслиново масло
- 1/3 шолји ореви потопени во вода преку ноќ
- магдонос
- 2 млади кромитчиња
- 2 лажици соја сос
- 1 лажичка лимонов сок
Начин на подготовка:
- Тиквичките се варат, па се сечат на резанки по избор.
- Во блендер се ставаат сушениот домат, свежиот домат, лукот, сол, бибер и маслиново масло и се миксираат како сос.
- Се ставаат во блендер и оревите и магдоносот, соја сосот, лимоновиот сок и младите кромитчиња, со зачини, па се убаво се соединува.
- Од смесата направете ќофтенца со тиквичките и ставете ги врз тестенини, или изедете ги така со доматен сос.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: