Рендани тиквици со сирење од рерна: Вкусен и здрав оброк за целото семејство

Рендани тиквици со сирење од рерна: Вкусен и здрав оброк за целото семејство

Вкусно јадење за големо семејство, готово за миг!

Состојки:

  • 1 кг тиквици
  • 200 гр сирење
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици маслиново масло
  • лук
  • сол
  • сув зачин
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги тиквиците и крупно изрендајте ги. Посолете ги и оставете ги да се исцедат. Скршете едно јајце, додајте презла и зачин. Додајте сирење, изрендано или издробено. Измешајте.
  2. Ставете маслиново масло во плех. Ставете ја масата. Повторно посипете со маслиново масло. Печете во загреана рерна до 200 степени, додека не добие убава боја.
  3. Посипете со свеж лук и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text