Супер вкусни чоколадни коцки за велигденската трпеза.
Состојки:
- 100 гр. ореви
- 100 гр. лешници
- 100 гр. урми
- 100 гр. суво грозје
- 1 лажица екстракт од ванила
- 20 гр. какао во прав
- 1 лажица мед
Прелив:
- 80 гр. урми
- 15 гр. какао
- 25 гр. кокосово масло
- 90 мл. вода
Начин на подготовка:
- Оревите и лешниците ситно се мелат, па се мешаат и се додаваат сите состојки за кора.
- Треба да се добие леплива смеса, па се става во плех и се стиска со рацете за да се изедначи.
- На кората се става прелив кој се добива кога ќе ги измешате сите состојки за прелив во блендер.
- Се става врз кората, се става во ладилник и се полсужува.
- Украсете по избор.
- Наместо ореви и лешници може да користите бадеми или индиски ореви или нешто по избор.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Колач чудо кој ќе го обожавате
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта