Сите правиме полнети пиперки, но ова е турски специјалитет кој е поинаков од останатите.Направете полнети пиперки во лиснато тесто.
Состојки:
- 250 гр. лиснато тесто
- 200 гр. фета
- 4 пиперки
- 1 јајце
- малку сусам
Начин на подготовка:
- Се мијат убаво пиперките, се чистат и се става во скеоја пиперка фета сирење.
- Се става лиснатото тесто на работна површина, па се сечат траки. Сите пиперки со фета се виткаат со траки лиснато тесто.
- Се загрева рерната на 180 степени, а за тоа време се премачкуваат пиперките со разматено јајце и се става сусам.
- Се печат додека не добијат боја.
- Се сервираат со јогурт или павлака.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Полнети пиперки со пилешки гради
Полнети пиперки на босански начин