Комбинација која освојува: Паштета од лосос и лимон

Комбинација која освојува: Паштета од лосос и лимон

Богат и ароматичен намаз од лосос, идеален за доручек или вечера со крекери или тост.

Состојки:

  • 1 варено јајце
  • 300 гр чаден лосос
  • 300 гр крем сирење
  • 1/4 шолја ситно сечкана црвена пиперка
  • сок од половина лимон
  • изрендана кора од лимон
  • 3/4 лажица ситно сечкан копар
  • 2 лажици павлака
  • 10 мл маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во блендер измиксајте сирење, лосос, сок од лимон, кора од лимон, црвена пиперка, павлака и маслиново масло. 
  2. Измешајте ситно сечкано варено јајце. Додајте копар па посолете и побиберете. 
  3. Смесата ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер до послужување.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

singlepost_text